Ледената уметност – еден од најкарактеристичните стилови во современата уметност

Целиот живот е уметност, па затоа уметникот неможе да се пензионира. Тој не зборува за своите соништа туку ги создава и реализира. Наоѓа начини како од нешто обично да створи нешто заслужно за восхитување.

И сон по сон, еве сме денес. До сега лизгавме по мраз, а денес можеме да седнеме и да испиеме и кафе во некој бар од мраз. Ледениот град- можеби досега беше само сон, но сега веќе стана дел од современите уметности.

Ајс уметноста или Ледената уметност е уметност создадена од најнеприлагодливиот материјал- мразот, кој бара специфични услови да биде направан и да се одржи.

Скулптурите од мраз можат да бидат апстрактни или реалистични, можат да бидат функционални или единствено декоративни.

Најчесто, дела од овој вид на уметност се создаваат по разни поводи: фестивали, настани и сл, бидејќи нивниот “животен век” е лимитиран.

Скулптурите, како и целите Ајс градови најчесто се изработуваат од снег и големи ледени коцки мраз од чиста вода, кои бараат не само трпеливост и време, туку и големи способности. Скоро секогаш скулпторите наидуваат на најразлични проблеми како честа промена на температурата или влагата, а од тоа следат големи последици како топење на коцките и скулптурите, па дури и целите градови.

Постојат различни техники во оваа уметнност. Во зависност од визиите и способностите на уметникот, тој може да ја оствари својата идеја или пак се да остане како еден заборавен сон.

Ајс уметноста е веќе се поразвиена во светот и наоѓа се поширока примена. Денес, во светот најактуелни се Ајс баровите и Ајс хотелите, кои покрај снег и мраз не содржат ништо друго. Изработени се неколку хотели и барови кои претставуваат вистински новитет за сите. За еден ваков хотел се потребни околу 60 000 тони снег за нивен опстанок, треба да се обновуваат секоја година.

Постојат и голем број на фестивали кои се организираат низ светот се со цел да се промовира пред јавноста овој тип на уметност. Еден од најголемите и најпознатите фестивали е Ајс фестивалот во Алјаска. Тука беа создадени и се создаваат најголемите Ледени ремек-дела.

Ајс уметност во Алјаска

Сликата е позајмена од Kasia/flickr


“Ова е начин на кој јас го креирам мојот замислен свет и си го давам правото да живеам во него. Јас сум очите на уметникот, а ова е мојот поинаков поглед на уметноста во животот ”- рекол Алфредо Ајоро, еден од најпознатите скулптори од САД, по целосното завршување на неговата идеја за Ледениот град во Алјаска, за која за повеќето преставуваше невозможна мисија.

Ова е доказ дека ништо не е невозможно, а се што е иновативно е добро. Уметноста е душата на животот. Колку е таа поопширна, толку душата ни е побогата.


Creative Commons License
This дело is licensed under a Creative Commons Наведи извор-Без адаптирани дела. 2.5 Macedonia License.

Leave a Reply