Posts Tagged ‘креативност’

Креативноста на хартијата е „доволно изразена“ во нашето секојдневие.

Од неодамна ја немав отворено страта енциклопедија која баба ми која ја добила на подарок пред половина век.Со самото отварање на старата енциклопедија се потсетив на страниците со кои „си играв“ во детството, пожолтени, искинати(не целосно) што одлично ме воведоа во книжевноста.

Не помина долго време кога ми дојде идеја да ја отпочнам новата книга која претходно ја имав креирано содржината.Поголема инспиративност добивам кога пишувам на постара хартија, но дека тоа е невозможно денес, поради експанзијата на канцелариските материјали и листовите направени од чиста целуоза, отидов во книжара да побарам тефтер од рециклирана хартија.Продавачката бледо ме погледна и ми кажа дека такво „чудо“ не поседуваат.Отидов уште во неколку продавници, но сепак добив сличен одговор, но мојата потрага сеуште не запре.

За момент помислив каде сум јас?Како би ја изразил мојата креативност во монотонија која доминира целуозата на еден лист хартија, која се потрошени неколку лити вода.

Мојата креативност истовремено и економичност замреа.Живеам во време на одржливост, во време на современост, што се обидов да најдам одлична корелација со рециклираната хартија, што би ја зголемило мојата креативност, но за жал тоа е невозможно кога имаме уште толку многу дрвја за сечење со цел изработка на хартија од чиста целуоза.Е па драги мои продолжете да креирате и истовремено и да уништувате.

Ѕидовите на лавиринтот во гратската џунгла како замена за средновековните верски храмови.

Креативноста во верувањето во богови ете донесе резултати кои денес се видливи во верските храмови(цркви,манастири…).Резултат од ова се фреските кои се зачувани до денес, кои во минатото претставувале вистинска авангарда во ренесансата.Можеме ли некако таа авангарда да ја обезвремениме и да ја пренасочиме денес?

Времето си минува, па така во согласност со досегашните стилови во уметноста ќе заклучиме дека секој има свој правец, имал своаја авангарда во своето поле.

Едно  пролетно попладне излегов на прошетка после дождот.Шетајќи низ урбаната џунгла наидов на едно доста интересно место според мене.Најпрвин претпоставував дека поминувајќи низ тунелот би стигнал до домот на пријателот за пократок временски период, сепак моите очекувања за кратењето не излегоа баш така.Со првиот чекор во тунелот блесна колорит од разни бои од кои на почетокот и не изгледаа баш на графити.Со регулацијата на моето око го заклучив сосем спротивното.Во тоа мало делче од градот како да се собрала цела креативност на уметниците од оваа земја.Кога детално го разгледав тунелот заклучив дека нема излез од другата страна, но сепак разгледувајќи ја креативноста на младите автори бев импресиониран што ми го одзема остатокот од денот.Графитите кои ги погледнав овде ме заинтригираа.Иако до сега слично „чудо“ немам видено сепак ова беше доволно да ме инспирира да го напишам овој текст.

При оваа случајна посета најдов една корелација со минатото и сегашноста.Ако некогаш уметниците во верските храмови ја изразувале својата кративност, денес тие ја изразуваат во места кои се скриени во урбаните џунгли и кои доклку не наидеш случајно кон нив прашање е дали и ќе ги пронајдиш некогаш.Помислив зар во минатото изразувањето на уметноста било подостапно за разлика од денешно време кога сите се стремиме кон слободата која за жал не е присутна во овој вид на уметност-графити.